Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека многу брзо ќе именува нов директор на Федералното биро за истраги (FBI), откако предизвика политичка бура со ненадејното менување на досегашниот директор Џејмс Коми, а во меѓувреме е објавено дека кандидатури поднеле единаесет заинтересирани за позицијата и во тек се разговорите со нив.
Претседател Доналд Трамп пред заминувањето во Линчбург во сојузната држава Вирџинија изјави дека можеби одлуката за наследникот на Џејмс Коми ќе ја донесе и пред заминувањето на своето прво официјално патување во странство кон крајот на следната седмица.
„Верувам дека ова ќе се развива многу брзо. Тоа се проверени, добро познати, извонредно угледни и талентирани луѓе. А токму тоа го сакаме за FBI“, рече Трамп додавајќи дека кандидатите кои ги разгледува се главно добро познати.
Функционер на Белата куќа изјави дека Трамп ги разгледува кандидатурите на 11 луѓе. Вршителот на должноста директор на FBI Ендрју Меккејб, републиканскиот сенатор Џон Комин републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин, кој е заменик-претседател на Сенатот и поранешен јавен обвинител, судијата од њујоршкиот апелационен суд Мајкл Гарсија и поранешната помошничка на главниот државен секретар Алис Фишер која веќе беше интервјуирана во траење од час и половина во сабота за тоа место, рекол за Reuters неименуваниот претставник на администрација.
Алис Фишер беше помошник на јавниот обвинител за криминалистичкиот сектор под мандатот на поранешниот претседател Џорџ В. Буш. На чело на FBI досега не била поставена жена.
Интервјуата со кандидатите ги водат јавниот обвинител Џеф Сешенс и неговот заменик Род Розенстајн.