Трамп во четвртокот и петокот примал кислород, зема и дексаметазон

Седумдесет и четиригодишниот американски претседател Доналд Трамп, кој од петокот се лекува од Covid-19 во болницата на американската воена морнарица „Валтер Рид“ недалеку од Вашингтон, би можел веќе во понеделник да се врати во Белата куќа, каде што лекарите би можело да продолжат да му го даваат антивирусниот лек „ремдесивир“ кој мора да го зема интравенозно пет дена.

Воениот лекар Шон Конли изјави за новинарите дека претседателот Доналд Трамп во четвртокот и петокот добивал кислород, како и дека го зема стероидот „дексаметазон“.

Брифингот на шефот на лекарскиот тим кој се грижи за Трамп со новинарите е одржан ден по противречните изјави од Белата куќа кои предизвикаа збунетост во врска со здравствената состојба на американскиот претседател.

Лекарите рекоа дека Трамп нема зголемена телесна температура од петокот, иако ја имал во петокот утротот, како и дека функциите на црниот дроб и на бубрезите му се нормални, откако ја примил втората доза од „ремдисивир“.

Лекарот Брајан Гарибалди, кој е и портпарол на лекарскиот тим, реколд ека на Трамп му е даван стероидот „дексаметазон“ поради „минливите ниски новоа на кислород во крвта“. „Ја прими првата доза вчера и нашиот план е сега да продолжиме со тоа“, рекол Гарибалди.

Истражувањата досега покажаа дека „дексаметазонот“ ги подобрува изгледите за преживување кај пациентите кои се хоспитализирани поради критични компликации од Covid-19 и кои имаат потреба од кислород. Меѓутоа, не треба да се дава во поблагите случаи, бидејќи може да ја ограничи способноста на организмот самиот да се бори со вирусот, според препораките на Американското здружение за заразни болести, потсетува агенцијата Reuters алудирајќи дека ситуацијата на Трамп можела да биде многу посериозна отколку што е прикажано.

На прашањето како е состојбата на белите дробови на Трамп, Конли одговорил: „Постојат некои очекувани наоди, но ништо клинички значајно“.

Конли потврди дека Трамп го добива антивирусениот лек „ремдесивир“, потоа експерименталниот препарат за антитела „Regeneron’s REGN-COV2“, како и цинк, витамин Д, фамотидин, меатонин и „аспирин“.

„Денеска се чувствува добро, темпераментен е. Нашиот план е денеска да јаде и да зема течност, да биде надвор од креветот што е можно повеќе, да биде мобилен. И доколку и натаму изгледа и се чувствува добро како денеска, се надеваме дека ќе можеме да планираме уште утре да го пуштиме во Белата куќа, каде што може да го продолжи лекувањето“, рекол Гарибалди.

Трамп во саботата на Twitter објави четириминутно видео изјави дека „вистинскиот тест“ кога станува збор за неговото здравје ќе следи следните неколку дена. Во неделата им се забчагодари на приврзаниците и на сите кои му посакаа брзо оздравување.

Контроверзните изјави за здравјето на Трамп во саботата ја збунија јавноста. Конли во неделата се обидел тоа да го појасни.

„Сакав да ви го пренесам оптимизмот на тимот и на претседателот за текот на неговата болест. Не сакав да изнасам никаква информација која би можела да насочи дека текот на болеста е во друга насока и така испадна дека се обидуваме нешто да сокриеме, што не е вистина“, рекл Конли.