Трамп во книга објавува што му пишувале славните личности

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе објави повеќе од 150 писма од светски челници и славни личности од поранешниот американски претседател Ричард Никсон, севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун и Опра Винфри, најави во четвртокот републиканецот кој најавува повторни кандидирање на претседателските избори во 2024 година.

Збирката, којашто во медиумите е наведена како „“Letters to Trump“ (Писма до Трамп), содржи „неверојатна, често приватна“ преписка меѓу Трамп и странски челници, медиумски личности, спортисти и водечки личности во индустријата.

„Што претседателите, членовите на кралските семејства, славните личности и деловните титани имаат заедничко? Сите го сакаат Доналд Трамп“, вели основачот на издавачката куќа „Winning Team Publishing“м Серџо Гор во изјавата за агенцијата AFP.

„Долго пред да влезе во политиката, Трамп живееше со несекојдневен живот. Ниедна книга досега не го нагласува неговите извонредни односи со славните како што тоа го прави ‘Писмата до Трамп’ и одушевени сме што можеме да ја споделиме со нашите читатели“, додава Гор.

Појавувањето на книгата е најавено за следниот месец, а ќе опфати кореспонденција во период долг четири децении. Меѓу другото, книгата открива и дека славната телевизиска водителка Опра Винфри во 2000 година на сега 76-годишниот Трамп му рекла „Штета што не се кандидираме, какво тим!“.

Опра му пишала на Трамп откако ѝ испратил фрагмент од својата книга „Америка каква што ја заслужуваме“ во којашто пишува дека таа би била неговата идеална потпретседателка.

Винфри на Трамп тогаш му кажала наводно дека неговите коментари „помалку ја расплакале“, пишува американскиот медиуми Axios.

„Една работа е да се прави обид да се живее чесно, а друга е кога луѓето како тебе тоа ќе го забележат“, рекла тогаш Винфри.

 

„Неверојатни писма“

Секое писмо во книгата е проследено со коментар на Трамп. За Опра пишува дека е „неверојатна“, но и се жали затоа што „повеќе никогаш не разговарала“ со него откако во 2015 година ја објави својата кандидатура за Белата куќа.

Голем дел од писмата 320 личности, коишто самиот ги избрал, ги пишувале истакнати личности од поп-културата во времето додека Трамп беше гламурозен магнат во секторот недвижнини и ѕвезда на реалното шоу на Менхетен.

Писма му пишувале, меѓу другите, и Мајкл Џексон, Клинт Иствуд, Шекил О’Нил, како и британската кралица Елизабета Втора којашто почина во септември минатата 2022 година.

На Трамп му пишувале и поранешните претседатели Ричард Никсон, Роналд Реган, Џорџ Х.В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама, а книгата ќе содржи и досега необјавена преписка со кинескиот претседател Кси Џинпинг и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.

Преписката на Трамп со Ким ја иницирал поранешниот претседател, за што своевремено изјави дека од севернокорејскиот лидер добил „многу добро и многу топло писмо“, а сега наведува дека се чинело како двајцата да се „вљубиле“.

Писмата на Ким биле меѓу доверливите владини документи пронајдени минатата година во вилата на Трамп на Флорида, поради што го обвинуваат за недозволено изнесување доверливи документи од Белата куќа, а ја поттикна рацијата на Федералното биро за истраги (FBI) и кривична истрага којашто е во тек.

„Писмата до Трамп“ ќе се продаваат по висока цена од 99 долари, со можноста со потпишан примерок од поранешниот претседател за 399, а во слободна продажба ќе се најде од 25-ти април.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social ја рекламира книгата како „најневеројатните писма коишто ги примил во текот на годините“.

Минатата година издавачката куќа „ Winning Team Publishing“, во којашто соосновач е неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот, издаде книга со фотографии на поранешниот републикански претседател под насловот „ Our Journey Together” (Нашето заедничко патување“, заработувајќи со неа околу 20 милиони долари.