Поранешнио американски претсеател и републикански кандиат за изборите на 5-ти ноември, Доналд Трамп, води во клучните сојузни држави Аризона, Џорџија и Северна Каролина пред потпретседателката и кндиатка на деморкатите Камала Харис шест седмици пред претседателските избори, според анкетата на весникот The New York Times и колеџот Сиена објавена во понеделникот.
Трамп минатата семица добил поддршка од 50 отсто од испитаниците во Аризона, додека Харис 45 отсто.
Во Џорџија републиканецот добил 49 отсто од гласовите наспроти 45 отсто на Харис, додека во Северна Каролина добил 49 отсто од гласовите наспроти 47 отсто за демократкатас, според анкетата, која, како и другите неодамнешни анкети, покажа дека трката ќе биде исклучително тесна.
Трите споменати држави се меѓу седумте клучни држави кои можат да го одредат исходот од изборите.
Трамп, кој беше претседател од 2017 до 2021 година, сака да се врати во Белата куќа откако ги загуби изборите во 2020 година од Џо Бајден, пораз кој сѐ уште не го признава и тврди дека победата на демократот била лажирана.
Номинацијата на Харис беше неочекувана добивка за демократите откако 81-годишниот Бајден се повлече од трката под жестокиот притисок на сопартијците загрижено за неговите когнитивни способности по мноштвото гафови и слабиот телевизиски дуел со републиканскиот противкандидат.
Истражиивањето били спроведено во периодот од 17-ти до 21-ви септември. Во Аризона, маргината на грешка е 4,4 процентни поени, во Џорџија е 4,6 процентни поени, а во Северна Каролина е 4,2 поени.
Анкетирани се 713 луѓе во Аризона, 682 во Џорџија и исто толку во Северна Каролина.