Трамп во вторникот се сретнал со директорката на Тајната служба

Поранешниот претседател Доналд Трамп во вторникот се сретнал со директорката на Тајната служба, Кимберли Ким Читл, објави во четвртокот телевизиската мрежа ABC News, цитирајќи извор.

Состанокот се случил во услови на интензивно преиспитување на начинот на кој Тајната служба, задолжена за безбедноста на врвните америкаснки политичари и членивите на нивните потесни семејства вклучително и на поранешните претседатели, се справува со обидот за атентат врз Трамп на предизборниот митинг во Батлер, во сојузнаа држава Пенсилванија.

Состанокот се одржал во хотелот на републиканскиот претседателски кандидат во Милвоки, а советник од кампањата на Трамп ниту ја потврдил ниту ја демантираше средбата. Агенцијата Reuters упатила прашање и до Тајната служба, која веднаш не одговорила на барањето за коментар.

Читл во понеделникот рече дека пукањето на митингот на Трамп е „неприфатливо“ и дека нема да поднесе оставка, како што ја повикаа водечките републиканци во американскиот Конгрес. Сепак, таа се согласи да сведочи пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, во кој републиканците имаат мнозинство, на 22 јули.

Атентатот, односно обидеот за убиство на Трамп, предизвика сериозна загриженост за тоа како осомничениот успеал да добие пристап до блискиот покрив со директна гледна точка до местото каде што Трамп се обраќаше, иако на покрив на друг објек стотина метри подаалеку биле распоредени снајперисти на Тајната служба, кои по истрелите кон Трамп го застрелаа смртно осомниќениот. Покрај тоа, се појавија и сведоштва на очевидци кои тврдат дека го забележале вооружениот маж додека се качувал на покривот на индустрискиот објект, но дека безбедносните служби не реагирале воопшто на нивното предупредување.