Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во саботата првпат, откако му беше дијагностициран короанвирусот, во живо им се обрати своите приврзаници.
Настатно, официјално наречен обраќање „на мирниот протест за закон и ред“, ќе се одрил на тревникот пред Белата куќа.
„Сакам да кажам дека се чувствувам одлично (…) Ви благодарам на сите за молитвите“, рече Трамп обраќајќи им се на приврзаниците од балконот на Белата куќа. Притоа не носеше масак, а резулатите од негвоиот последен тест на коронавирусот сѐ упте не се објавени.
Како што за новинарите изјави порптаролот на Белата куќа, Џад Дир, сегашниот настан е официјален и нема поврзаност со изборната кампања.
Во меѓувреме неколку стотици приврзаници на американскиот претседател се собраа на Јужниот тревник на Белата куќа, скандирајќи во поддршка на Трамп долго време пред неговото обраќање.
„Зачувајте го вашиот ентузијазам и излезете на изборите“, порача Трамп.
Трамп вети дека ќе ги продолжи предизборните активност за САД да не станат „социјалистичка држава“ и увери дека земјата ќе го победи коронавирусот. Американците наскоре ќе имаат вакцина и САД ќе започна брзо закрепнување на економијата, рече претедателот.
Трамп во својот говор остро го критикуваше демократскиот противкандидат Џо Бајден и осуди дека програмата на демократите е „уште подалеку од социјалистичка – комунистичка“.
Трамп од балконот на Белата куќа на собраните им порача дека се „чувствува одлично“, како и дека вакцината за, како што го нарече, „кинескиот вирус“ ќе биде подготвена „многу, многу брзо“.
„Американската наука и медицина ќе го избришат кинескиот вирус“, рече американскиот претседател.
Обраќајќи им се на афроамериканците и латиноамериканците, Трамп истакан дека неговито ривал „Џо Бајден 50 години ги предавал“. Истовремено се пофали и со градењето на ѕидот на границата со мескикот.
Повтори дека за афромаериканската заедница сторил повеќе од кој и да е друг американски претседател по Абрахам Линколн.
Овој настан со официјално мото „Мирен протест за закон и ред“, делумно го организираше фондацијата „Блекзит“, која традиционалните заедници наклонети кон демократите, афроамерканците и латиноамериканците настојува да го придобие како гласачи за Доналд Трамп и републиканците.
Според републиканскиот претседатело, доколку левицата ја добие власта, таа ќе започне „крстоносна војна“ против полицијата.
„Џо Бајден дури рече дека кога ќе се јавите на 911, треба да ви одговори психотерапвт, кој тоа ќе го сработи. Нема да го сработи“, додад Трамп.
Додаде и дека настанот е истовремено поддршка за полицијата.
„Тие работат одлично. И јас само сакам да им се заблагодарам во име на сите собрани тука, затоа што точно поради тоа сме безбедни“, додаде Трамп.
Претседателот изрази доверба во силата на републиканците, истакнувајќи дека тие сега имаат поголем ентузијазам отколку пред четири години кога Трамп го избори својот прв мандат.
Анектите покажуваат дека на национално ниво Трамп има двоцифрено заостанување зад Бајден, но од почетокот ваквите анкети укажуваат дека републиканците се повеќе ентузијастички расположени за учество на изборите отколку приврзаниците на демократите. Исто така, во клучните држави двајцата кандидати се речиси израмнето.
Американски претседател не станува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во апсолутна бројка, туку оној кој ќе добие најголем број ткн електорски гласови, поради што изборите се одлучуваат во сојузните држави во кои „однапред“ не е јасно кој ќе победи.
Според податоците на прес-службата на Белата куќа, полицијата и Тајната служба ги блокирале улиците во непосредна близина на резиденцијата на претседателот, а блискиот плоштад Лафајет е затворен,
Лекарот на американскиот претседател и на Белата куќа, Шон Конли во четвртокто го одобри излегувањето на Трамп од изолација во текот на викендот, десет дена откако кај него беше дијагностициран Covid-19.
Претходно во најавата на обраќањето, портпаролката на Белата куќа, Алиса Фарах, изјави дека Трамп ќе им се обрати на приврзаниците „до голема оддалеченост“ од блаконот на Белата куќа. „Внимаваме да ги преземаме мерките на предострожност“, додаде портпалролаката.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник на Флорида ќе го одржи својот предизборен митинг, прв откако минатата седмица беше позитивен на коронавирусот, објави во петокот неговата кампања.