![Trump1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Trump1-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикуваше големиот дефицит на САД во трговијата со Кина.
САД објавија дека ќе наметне тарифа од 25 отсто за кинеските технолошки производи во вредност од 50 милијарди долари.
Тарифите, како што објави Белата куќа, ќе се применуваат на производите од програмата “Made in China 2025”, а до 15 јуни ќе објави комплетна листа на производи што ќе бидат погодени од нови даноци, објави АП.
Белата куќа, исто така, најави дека до крајот на јуни ќе воведе нови ограничувања за инвестиции и зголемена контрола на извозот на кинеските поединци и ентитети поврзани со “преземање значајни индустриски технологии”.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикуваше големиот дефицит на САД во трговијата со Кина, кој минатата година изнесуваше 337 милијарди долари.
Според него, големиот дефицит е доказ дека официјален Пекинг користел нефер трговски практики.