![donald tramp](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/donald-tramp-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Американскиот претседател, Доналд Трамп, му наложи на министерството за правда да предложи закони со кои ќе се гарантира дека оние коишто ќе направат масовни убиства и злосторства од омраза, ќе се соочат со смртна казна, којашто ќе биде одлучно и брзо спроведена.
Во обраќањето во Белата куќа, по двете смртоносни пукотници во сојузните држави Тексас и Охајо, Трамп додаде дека партиската припадност мора да се остави на страна и да се биде едногласни во осудата, пренесува АБЦ њуз.
Трапм предупредил и на опасноста која ја носат интернетот и друштвените мрежи, како и на бруталните и крвави видео игри кои, како што рекол, се одговорни за „глорификација на насилство во нашето општество“.