Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, и оти добро течат подготовките за неговата средба со севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.
„Штотуку имав долг и многу добар разговор со претседателот на Јужна Кореја, Мун. Работите се одвиваат многу добро, се договараат местото и времето на средата со Северна Кореја“, напиша Трамп на Twitter.
Додава дека, исто така, разговарал и со јапонскиот премиер Шинзо Абе, за да го извести за преговорите кои се водат. Трамп најверојатно на почетокот од јуни треба да се сретне со Ким, што ќе биде историска средба на врвот.
Новиот шеф на дипломатијата на САД, Мајк Помпео, уште пред да биде потврден на должноста во својство на директор на Централната агенција за разузнавање (CIA) во текот на католичките велигденски празници престојувал во тајна посета на севернокорејската престолнина Пјонгјанг, со цел да ја организира средбата.
Во петокот Трамп истакна дека има „две или три“ места на коишто би можело да биде организирана неговата средба со Ким, а потоа наведува дека има „две можни теми“. Според телевизиската мрежа CBS News, кој се повикува на неименувани извори, дека двете земји се Монголија и Сингапур. Премиерот на Сингапур изјави во саботата дека не примил никакво формално барање во таа смисла.
Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во одржаа историски состанок на врвот на кој се согласија дека ќе се стремат на остварување низа историски цели, вклучително и денуклеаризација на Корејскиот полуостров и официјално завршување на војната од 1950/1953 година.