Трамп застана на страната на Маск во дискусијата за визите за стручните странски работници

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во саботата застана на страната на неговиот клучен поддржувач и милијардер Илон Маск во јавната дускусија околу употребата на визите H-1B, велејќи дека во целосно ја поддржува програмата за странски квалификувани работници на која се спротивставуваат некои негови поддржувачи.

Забелешките на Трамп уследија по серијата објави на социјалните мрежи од страна на Маск, извршен директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, кој вети дека ќе влезе во „војна“ за да ја брани програмата за визи за странски квалификувани работници.

Трамп, кој се обиде да ја ограничи употребата на визите за време на неговиот прв претседателски мандат, во саботата за весникот The New York Post изјави дека и тој ја фаворизира визната програма.

„Имам многу H-1B визи на моите имоти. Верувам во H-1B. Ja користев многупати. Тоа е одлична програма“, рекол Трамп цитиран од весникот.

Маск, милијардерот извршен директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, вети доцна во петокот дека „ќе оди во војна“ за да ја брани визната програма H-1B за странски технолошки работници, што го поттикна спорот меѓу долгогодишните поддржувачи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и од неодамна стекнатите поддржувачи од технолошката индустрија.

Маск, натурализиран американски државјанин роден во Јужноафриканската Република, бил носител на виза H-1B. Неговата компанија за електрични автомобили „Tesla“, само оваа година добика 724 визи. Овие H-1B визи обично се издаваат на три години, а носителите можат да ги продолжат или да аплицираат за таканаречената „зелена карта“.