Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во вторникот по локално време зборуваше за „гласините“ според коишто изборните операции во Филаделфија биле обележани со „масовна измама“, но засега не прижи докази за овие обвинувања кои властите ги негираат.
„Има многу гласини за огромна измама во Филаделфија“, напиша републиканскиот кандидат за претедател на САД за некогашниот бастион на демократите Пенсилванија, држава која може да биде одлучувачка кога станува збор за изборот на новиот станар на Белата куќа.
Пенсилванија е една од седумте „колебливи“ сојузни држави но од сите нив носи најголеми број електорски гласови – 19.
Властите во Филаделфија силно ги оспорија наводите. „Ова тврдење е целосно без основа“, рече Сет Блустајн, градски функционер, за гласањето во Филаделфија кое според него минало „сигурно“.
Доналд Трамп во вторникот наутро изјави дека би бил подготвен да го признае поразот од Камала Харис доколку „изборите се чесни“.
Демократскиот табор во понеделникот соопшти дека „очекува“ републиканецот предвреме да се прогласи за победник, како што направи во 2020 година, иако на крајот ги загуби изборите од Џо Бајден, иако и тој и неговите републикански приврзаници и денес тврдат дека станува збор за голема изборна манипуалција во полза на демократите и не го признаваат тој изборен пораз.