Трамп зема „ремдесивир“, не му е потребен дополнителен кислород

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кај кого беше дијагностициран новиот коронавирус, почна да зема антивирусен лек „ремдесивир“. Не му треба „дополнителен кислород“.

Тоа го соопшти Шон Конли лекарот на 74-годишниот шеф на државата, кој се кандидираше за втор мандат, јавија американски медиуми.

Трамп објави видео порака снимена во Белата куќа пред да замине кон воениот медицински центар Волтер Рид во Мериленд. Во неа тој им се заблагодарува на луѓето за нивните желби и вели дека се е во ред со него и првата дама Меланија.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, не треба да во доброволна изолација и може да продолжи да ги извршува своите секојдневни должности нормално. Тоа го изјави лекарот од Белата куќа според соопштение од американската влада.