Трампа во НБА лигата: Карузо во Оклахома, Гиди во Чикаго

Американските професионални НБА кошаркарски тимови Чикаго Булс и Оклахома Сити Тандер ја потврдија размената на играчи според која специјалистот за одбрана 30-годишниот Алекс Карузо замина од Чикаго во Оклахома, додека многу талентираниот Австралиец 21-годишииот Џош Гиди кариерата ќе ја продолжи во Чикаго.

Карузо ја започна својата НБА кариера со Тандер, кои го ангажираа во септември 2016 година како слободен играч, но еден месец подоцна го отпуштија. Затоа, овој играч ја изгради својата репутација на бескомпромисен одбранбен играч во Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои и шампионската титула во 2020 година. Од 2021 година тој е член на Булс од сезоната 2022/23 и беше броен во најдобрата одбранбена петорка на лигата, а оваа сезона беше вклучен во втората одбранбена петорка во лигата. Со 10,1 поен и 3,8 скока по натпревар, Карузо сезонава ги постигна најдобрите резултати во тие категории во кариерата.

Гиди беше избран како шести на драфтот пред три години и во текот на досегашната кариера ја покажа својата сестраност со просек од 13,9 поени, 7,3 скока и 5,7 асистенции по натпревар во 210 настапи во дресот на Тандер, но генералниот менаџер на тимот кој го постигна најдобар сооднос на победи оваа сезона и пораз во Западната конференција, Сем Прести, изјави дека Гиди и Тандерс се разликуваат во нивните мислења за тоа каква треба да биде неговата улога во тимот.

„Кога го избравме Џош пред три години, тој беше суштински аспект од нашата визија за тоа како треба да изгледа тимот на Тандер. Оттогаш, нашиот тим напредуваше брзо и динамично на начин што не можевме да го предвидиме. Затоа, ја имавме идејата Џош следната сезона да ја започне на клупата, но тоа тешко го прифати па се сврте да бара можност на друго место“, изјави Прести.