Трансформацијата на КБС во војска на Косово се врши во „Бондстил“

Во Косово и Метохија се крши  Резолуцијата на ОН 1244 така што во базата „Бондстил“, освен што се обучуваат косовските војници на таа „затворена територија на американската воена база и вршат трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија, вели рускиот претставник во ОБСЕ, Александар Лукашович.

Тој посочи дека обидите за скршнување од договорениот пат за решение за Косово и охрабрување на амбициите на Приштина да создаде квази-држава, нема да помогне за решавање на конфликтот.

Тоа нема да ја реши ситуацијата во Косово, туку само ќе ги засили тензиите во земјите од Западен Балкан,  изјави Лукашович.

Тој говорејќи на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ вчера во Виена изјави дека специјалниот суд во Хаг малку напредувал при работата на кривичен прогон на поранешни членови на ОВК за воени злосторства извршени за време и по војната во Косово.

Оние кои се одговорни за грозоморни злосторства, како што е нелегалната трговија со човечки органи, да  ја избегнат заслужената казна, изјави Лукашевич.