Деполитизација и департизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и АЕК преку избор на членови кои ќе бидат професионални експерти. Ова СПОРЕД МАНЧЕВСКИ е целта на измените на законот за АВМУ, кој во иднина треба да оневозможи финансирање на проекти кои не се во доменот на работа на овие агенции.
Најголем предизвик во иднина ќе биде создавање на законска регулатива преку која сите државни регулаторни тела да бидат независни од сите политичко правни, но и економски центри на моќ, велат НЕВЛАДИНИТЕ.
Само со отвореност и отчетност, овие регулаторни тела можат да бидат вистински сервис на граѓаните, смета британскиот амбасадор .
Најдобриот начин за една јавна институција да функционира транспарентно е да биде што е можно повеќе изложена на судот и оценките на јавноста.
Резултатите од завршниот мониторинг извештај за работата на регулаторните тела за медиумите покажуваат дека мал број граѓани се запознаени со нивниот начин на функционирање. За Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги слушнале помалку од 20% од граѓаните, додека за АЕК околу 30% од испитаниците.