Трас и Фредериксен сметаат дека инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа

Британската премиерка Лиз Трас и нејзината данска колешка Мете Фредериксен денеска се согласија дека инцидентите на гасоводот „Северен тек“ „претставуваат акт на саботажа“.

„Фредериксен ја информираше британската премиерка за штетата предизвикана на гасоводите „Северен тек“ во текот на минатата недела. Тие се согласија дека инцидентите јасно претставуваат акт на саботажа“, наведуваат од кабинетот на премиерката Трас, а пренесоа британските медиуми.

Двете лидерки се согласија дека општата безбедност и безбедност на Балтичкото Море е во интерес на сите.

Теми на разговор биле и соработката во областа на безбедноста и производството на енергијата од ветрот.