Трас најкусо на премиерската должност во британската историја

Лиз Трас во четвртокот по само 45 дена на власт поднесе оставка на премиерската должност, по откажувањето од економската програма на нејзиниот кабинет кој силно ги потресе финансиските и пазарот на британските државно обврзници, како и предизвика големи поделби во нејзината Конзервативна партија.

Со тоа стана британски премиер со најкус мандат во историјата, бележи BBC. Досега тоа беше Џорџ Кенинг кој во 1827 година владеел 119 дена, до својата смрт. Новиот избор на партиското водство и премиерот треба да биде довршен следната седмица, пишува Reuter.

Зборувајќи пред премиерската резиденција во Даунинг стрит, Лиз Трас прифати дека не можела да ги исполни ветувањата која ги даде во текот на кандидатурата за водството на Ториевците чијашто доверба ја загуби.

„Прифаќам дека, земајќи ја предвид ситуацијата, не можам да го исполнам мандатот врз основа на кој сум избрана во Конзервативната партија. Затоа зборував со Неговото Величество за да го известам дек отстапувам од челото на Конзервативната партија“, изјави Трас.

„Утрово се сретнав со шефот на Комитетот 1922, сер Греам Брејди, Се договоривме дека изборите за новото водство ќе бидат довршени во текот на следната седмица. Тоа ќе осигуриме да останеме на патот на исполнување на нашите фискални планови и за здржување на економската стабилност и националната безбедност на нашата земја“, рече Трас.

Стана премиерка на почетокот на септември, а за политички опстанок се бореше откако на 23-ти септември нејзиниот подоцна сменет министер за финансии Кваси Квартенг го најави „мини буџетот“ со големи даночни кастрења што предизвика потрес на финансискиот пазар.

По таа најава скокна британскиот трошок за задолжување, заканувајќи му се на важниот пазар на недвижнини и со дополнително влошување на животните трошоци. Поради тоа Трас го имаше најнискиот рејтинг на некој британски премиер по повеќе децении.

Се откажа од обемот на својата најавена политичка програма, а во средата остана и без министерката за внатрешни работи, една седмица откако го разреши и министерот за финансии.

Во вторникот Трас, кога конечно се појави во парламентот, се извини за грешките во нејзината економска програма која предизвика потрес на финансиските пазари и остар пад на државните обврзници и фунтата, како и минимизирана доверба на инвеститорите како и нејзиниот рејтинг пред целосно да се ничкоса во понеделникот, но порача дека нема да се повлече од функцијата како што бараа некои влијателни пратеници од нејзината Конзервативна партија.