Трас не планира да поднесе оставка

Британската премиерка Лиз Трас порача во петокот дека не помислува да поднесе оставка,

„Апсолутно сум решителна да го спроведам она што го ветив, остварувајќи повисок раст, попоресперентно Обединето Кралство, да нѐ поведам низ бурата со којашто сме соочени. Веќе воведовме гарантирана цена на енергијата осигурувајќи луѓето оваа зима да не добијат големи сметки“, изјави Трас пред новинарите во своето седиште до Даунинг стрит.

Потсети дека нејзината Конзервативна партија ја избрала за да оствари „пониски даноци, високи плати, висок раст“, додавајќи дека тоа и натаму е нејзината задача. Истакна дека секогаш ќе дејство ви национален интерес и дека земјата ќе ја „преброди оваа бура“.

Претходно Трас ги именуваше поранешниот министер за надворешни работи Џереми Хант за нов министер за финансии, откако во драматичен расплет го смени Кваси Квартенг, што во медиумите се коментира како знак за промена во политиката.

Изборот на Хант, кој беше приврзаник на нејзиниот ривал Риши Сунак во борбата за челник на владејачката Конзервативна партија и следствено за заменик на Борис Џонсон на чело на владата, се смета за обид за обновување на стабилноста по повеќенеделните превирања поради мини-буџетот кој сега му се припишува на Квартенг што ги преплаши финансиските пазари со планираното големи намалувања на даноците кои ги плаќаат оние со најголеми приходи.

Покрај тоа, именувањето на Хант се смета и обид на Трас да ги придобие своите критичари меѓу Ториевците кои се чувствуваат исклучени откако владата ја пополни со своите приврзаници.

Хант, кој центристички се позиционира, веројатно нема да ја споделува наклонетоста кон намалувањето на даноците на Трас и Квартенг. Трас претходно се откажа од отфрлањето на планираното зголемување на корпоративниот данок од 19 на 25 отсто.