Лиз Трас соопштила дека поднесува оставка од челничкото место во владејачката Конзервативна партија и следствено од позицијата британска премиерка, објавено е во четвртокот во британските медиуми.
Како што претходно објави кусо телевизијата Sky News, Трас рекла дека ќе остане на премиерската должност додека не биде избран новиот шеф на владата. Тоа според неа треба да се случи следните неколку седмици.
Шест седмици по преземањето на премиерската функција, Трас се соочи со пад на пазарот на обврзници и со најлош рејтинг за британски лидер во последните децении. Таа се откажа од најголемиот дел од најавената политичка програма и остана без министерот за внатрешни работи во средата, една седмица откако го разреши министерот за финансии.
Конзервативните пратеници отворено се судрија во парламентот во средата, по неуспешното гласање за фракирањето, што некои го сметаа за гласање за доверба на нејзината влада.
Трас се бори за политички опстанок откако нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг објави „мини буџет“ со големи даночни намалувања на 23-ти септември, што предизвика шокови низ финансиските пазари. По таа објава, британските трошоци за задолжување скокнаа, загрозувајќи го пазарот на недвижности и дополнително влошување на трошоците за живот.
Владата потоа ги отфрли тие предлози, создавајќи дополнителен предизвик за останувањето на Трус на власт.
ел од претставниците отворено побараа нејзина оставка, а други веќе почнаа да разговараат кој да ја замени.