Трас ветува мисија за заживување на британската економија

Кандидатката за челничка на владејачката Конзервативна партија и следствено за британска премиерка, актуелна министерка за надворешни работи Лиз Трас, изјави дека клучна мисија на нејзината влада ќе биде заживување на стопанството, а претстави и низа мери за помош на делови на северна Англија.

Економската ефикасност на Обединето Кралство заостанува зад САД, Италија и Франција кога во прашање е закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот. Се очекува дека британската економија ќе влезе во долготраен пад на крајот од годината поради растечките инфлација и каматни стапки.

„Клучната мисија на мојата влада ќе биде поттикнување на повторен раст на нашата економија и намалување на даноците за повеќе пари да ставиме во џебовите на вредните луѓе“, изјави Трас.

Премиерот на заминување Борис Џонсон изјави дека намалувањето на регионалната економска нееднаквост е неговата главна цел, но јавната потрошувачка на северот на Англија заостануваше зад националниот просек во првите две години од неговата влада, покажало истражувањето на Институтот за истражување на јавните политики.

Трас рече дека е доследна во остварување на целта на актуелната влада да се намачат економските нееднаквости, но оти тоа ќе го стори на „конзервативен начин“, што се толкува дека фокусот ќе ѝ биде ставен на намалување на даноците и на дерегулацијата.

Зборувајќи во пресретна изборната кампања во петокот во Манчестер во северна Англија, Трас вети дека ќе обезбеди поголема децентрализација за на посиромашните области да им се овозможи да го добијат потребните државни средства. Вети и градење на два нови струкови факултети во северна Англија кои ќе бидат „струков еквивалентн на Оксфорд и Кембриџ“, наречен „Воксбриџ“.

Трас се претстави како радикална бунтовничка која ќе ја урне моменталната неуспешна ортодоксност и предлага поништување на зголемување на даноците во износ повисок од 30 милијарди фунти.