Францускиот претседател Емануел Макрон во недела телефонски ќе разговара со рускиот колега по должност Владимир Путин, а претходно во саботата со украинскиот Владимир Зеленски за да се „спречи најлошото“ во Украина, соопшти ноќта кон саботата Елисејскиот дворец.
„Треба да се направат сите обиди, да се стори сѐ за да на се случи најлошото“, се истакнува во објавата на Елисејскиот двоерец во која се споменува и „опасност од руска инвазија на украинската територија под контрола на владата“ во Киев, а не само на самопрогласените „народни републики“ на истокот од Украина населени со доминатно руско население.
„Мислиме дека сѐ уште е можно претседателот Путин да се одврати од напад врз Украина“, изјавил за AFP советник на Макрон по телефонскиот разговор на шефовите на држави и влади на главните западни земји во петокот вечерта по интензивирањето на дводневните меѓусебни гранатирања од конфронтираните страни и масовната евакуација на цивилите од областа Донбас каде проруските бунтовници известија за наводни саботажи од украинса страна и предупредуваат на претстојна офанзива од украинската војска.
Во телефонскиот разговори учествувале американскиот претседател Џо Бајден, канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, италијанскиот премиер Марио Драги, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, германскиот канцелар Олаф Шолц, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханес, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Треба да се направат сите обиди за да се спречи судир кој би донел дестабилизација за безбедноста на европскиот континент, за Русија, за европските партнери и би нѐ довел во поинаква геостратешка сутуација доколку Русија се осмели да ја нападне Украина“, додава во соопштението Елисејскиот дворец.
И кабинетот на Макрон ги повтори претходните изјави на САД и НАТО дека Западот „не гледа“ повлекување на руските единции распоредеи во близина на границата со Украина, иако Русија од понеделникот објавува дека нејзините војски се враќаат во нивните постојани бази.
Посетата во саботата на Путин на Белорусија, каде што во недела завршуваат претходно најавените десетдневни заеднички воени маневри, „повеќе е знак на ескалација отколку на деескалација“, се оценува во објавата од Париз.
„Франција не се сомнева дека кибернетичките напади на Украина, доаѓаат од Русија“, додава во соопштението Елисејскиот дворец, иако Москва беше децидна дека нема ништо заедничко со споменатиот инцидент од пред десетина дена.