-Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат брутално насилство врз бебиња. Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во полиција, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет. И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог. Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, стои во партиското соопштение.