Тренчевска оптимист дека минималната плата ќе биде зголемена

Имаме неколку предлози од социјалните партнери од ССМ, Организацијата на работодавачите и Бизнис конфедерацијата на Македонија ги разгледуваме предлозите се прават проекции на истите. Така да денес верувам со продолжението на социјалниот дијалог ќе го донесеме најсоодветното решение кое ќе биде прифатено од сите социјални партнери, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Студио 10.

-За нас како Влада подобрувањето на економскиот статус на работниците е врвен приоритет и минималната плата ќе биде зголемена, меѓутоа секоја политика која што се носи, а е во интерес на подобрувањето на политичките права и е поврзана со трудот мора да минува низ економскиот совет, вели Тренчевска додавајќи дека верува дека денеска во
19 часот со образложение, предлогот за минимална плата ќе биде прифатен од сите страни.