Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни поради доцнењето на градинките со доставување на податоците за платите после покачувањето од 15 проценти.
– Платите ги потпишав вчера. Доцнеа поради доцнењето на градинките со доставувањето на списоците со податоци за платите. Платите го подготвуваат стручни лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во градинките, кои поради покачувањето од 15 проценти на давателите на јавни услуги, мораа да прават нова пресметка, и наместо до 15-ти во месецот, еве малку се доцни, рече Тренчевска на настанот на кој беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година.
Таа истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.
– Врз основа на нивните пресметки, ние го правиме електронскиот систем кај нас и ја праќаме платата во трезор, рече Тренчевска.