Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, во „Дејли клик“ на ТВ21 рече дека рабодавачите кои даваат плата во плик, го оштетуваат буџетот до 250 милиони евра годишно.
„25.000 работници плата примаат во плик, со што се развива сивата економија, а работодавачите ја подкраднуваат државната каса во висина од 250 милиони евра годишно“, изјави Трендафилов.
Инаку, ССМ бара повисок мининалец со цел работниците да не избегаат од државата. Тие пред неколку дена побараа минималец од 450 евра.