Тренерот на младите на КСМС Јаши, Ливију Петраче е снимен како го шутира во глава и тепа со клоци во стомак својот 16-годишен фудбалер Кодрина Тириске.
Откако снимката се појави во јавност, случајот предизвика огромно внимание, не само во Романија, туку и ширум Европа, поради што се замеша и УЕФА со барање за доживотна суспензија на тренерот.
Петрече веднаш добил отказ од клубот, а побарано е од Романската федерација да му се одземе лиценцата за работа.
Апсолутно е неприфатливо тоа што го направи Петраче. Доби отказ, а тој веќе нема што и кого да тренира. Никој не смее вака да се однесува. За него нема место во фудбалот, рече извршниот директор на Јаши, Прунеа.