Tренерите под закана да останат без работа: Фудбалските клубови и школи бараат помош од ФФМ и Агенцијата за млади и спорт

Фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории и тренерите откако како стапија во сила мерките на владата во врска со пандемијата COVID – 19, имаат
забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи.Тие реагираат дека постои опасност тренерите да останат без работа и без финансиски средства за егзистенција.

Затоа тие бараат средба со наделжните.

„Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина, и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт.
Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови.
Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до двете институции.
Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок.
Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени“.