Тренерки и пижами украдени од пазарот во Ченто

Кражба тешка половина милиони денари, арамија украл 600 парчиња тренерки и 30 парчиња пижами.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се случила тешка кражба на пазарчето во Ченто на улицата Маџари. Арамијата во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот со употреба на погоден алат одзел 600 парчиња тренерки и 30 парчиња пижами во вкупна вредност од околу 540.000 денари.

Полицијата превзема  мерки за откривање на сторителот.