Тренерот на Билбао поднесе оставка

Тренерот на Атлетик Билбао Едуардо Барисо поднел оставка од позицијата.

Според пишувањата на „Ел Паис“, Барисо ја донел ваквата одлука по поразот од Леванте од 0: 3, во натпревар од 14-то коло во Ла Лига. Се уште нема официјален одговор од раководството на клубот за ова прашање.

“На прво место ми е клубот. Ако мојата оставка му помогне на Атлетик, подобро така да биде”, изјави Едуардо Берисо.

Во Ла Лига, Баскијците го заземаат 18-тото место со 11 поени.