Тренерот на ПСЖ, Галтие уапсен поради расизам

Француската новинска агенција AFP во петокот објави дека како дел од истрагата за наводен расизам, уапсени се тренерот на францускиот фудбалски великан ПСЖ, Кристоф Галтие и неговиот син.

Апсењето во Ница и дополнителното испрашување следело по истрагата што започна во април оваа година, а откако Галтие расно ги навредувал играчите на Ница во сезоната 2021/22, според одредени изјави, кога Галтие беше тренер на ово француски прволигаш. Галтие и неговиот син ќе останат под полициски надзор најмногу 24 часа, по што ќе се знае дали останува во притвор или не.

Официјално, сепак 56-годишниот Галтие не ја напуштил тренерската позиција на парискиот тим, иако катарските сопственици на ПСЖ веќе објавија дека неговото време во клубот е завршено. Исто така, бројни медиуми го најавија Шпанецот Луис Енрике за негов наследник.

Пред ПСЖ и Ница, Галтие го предводеше Сент Етјен од 2009 до 2017 година и Лил од 2017 до 2021 година.