„Животот“ којшто го ветуваше власта на СДСМ и премиерот Зоран Заев на свој грб најлошо го почувствуваа земјоделците, рече на прес-конференцијата во вторникот Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ .
„Со недели трае агонијата на производителите на пиперки од пелагонискиот регион кои не може да обезбедат откуп на над 1000 тони пипер од сортата Куртовска капија, а министерот за земјоделие и целокупната влада мува не ги лази. Селективно се откупувале пиперките, по партиска линија , но и на нив им се нудат откупни цени од 3 до 5 денари, сума која што не може ниту вложеното да им го врати. Само за споредба ланската година цената изнесуваше 8 до 10 денари по килограм. Затоа денес на земјоделците им е поисплатливо да ги фрлат, отколку да добиваат навредлива сума на пари. Да биде уште поскандалозно една од фирмите што вршат откуп е фирмата „Трго-продукт“ на кланот Заеви кои на секој можен начин ги давалвира земјоделците од пелагонискиот крај. Еве го најдобриот показател за нивната негрижа за потребите и стандардот на граѓаните. Ова е лажното душегрижништво на СДС“, рече ренов.
Посочиа дека, за жал, повторно се вратиле времињата на транзицијата кога земјоделците беа маргинализирана категорија, кога никој не им го вреднуваше трудот и кога постоеше неизвесност секоја нова сезона.
„Повикуваме Владата веднаш да интервенира, да изврши контрола на откупувачите и на итна седница да предвиди дополнителна парична помош по по единица површина. На овој начин Владата на СДС ќе покажат вистинска грижа и одговорност кон земјоделците, во спротивно земјоделството во државата ќе тоне, а фирми како „Трго продукт“ ќе остваруваат екстра профити на судбината на илјадници земјоделски семејства во државата“, нагласи Тренов.