Полицијата на Нов Зеланд, уби лице кој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд.
Премиерката на оваа земја Џесинда Ардерн, го опиша нападот како терористички, а според информациите го извршил лице на Шри Ланка, кое било под полициски надзор.
Ардерн кажа дека напаѓачот бил инспириран од Исламска држава.
„Полицијата брзо реагираше и го уби напаѓачот 60 секунди по почетокот на нападот. Нападот е извршен од поединец, не од вера“, рече Ардерн.
Очевидци за тамошните медиуми кажуваат дека напаѓачот земал нож од полиците на супермаркетот и почнал да напаѓа луѓе наоколи. Тој пристигнал во Нов Зеланд во 2011 година, и пет години подоцна станал „личност од интерес за навионалната бедбедност“.
„Бил набљудуван поради грижите за неговата идеологија. Бил познат на повеќе агенции“, рече Ардерн додавајќи дека тој дејствувал сам, и дека нема повеќе опасност за околината.