Трет ден кампања за парламентарните избори 2020

Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020. Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места во земјата. Од терен и од снимките се гледа дека партиите се обидуваат да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Лидерите се обраќаат на централните настани на денот, додека посебни настани се организираат и за носителите на кандидатските листи по изборни единици.

Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ според официјалната агенда денеска во 19 часот ќе има настан во Тетово, а потоа во 20:30 часот во скопски Аеродром.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ќе имаат средби со граѓани и обраќања во Демир Капија (17:00), во Неготино (18:30) и во Кавадарци (20:30).

Политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Изборната единица 3 и тоа во Велес (10:00), во Штип (13:00) и во Берово (16:30)…