Стефче Трпковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Сопиште вчера убедливо победи и го освои третиот мандат.
Според податоците од Државната изборна комисија на 100 отсто преброени гласови, Трпковски освои 2.161 гласови, а кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски 986 гласа.
Излезноста на изборниот ден во општината била 63,67 отсто.
Според анализата на гласовите, во општинскиот совет ВМРО-ДПМНЕ повторно освојува мнозинство со шест советници. СДСМ изгуби едно советничко место и сега има два советника. Исто толку има и ДУИ додека едно советничко место добива АА/А.