Трет пораз на Мајнц во германското првенство

Фудбалерите на Унион Берлин на својот стадион го совладаа Мајнц со 4:0 во петокот во рамките на третото коло на Бундеслигата.

Унион поведе во 13 минута со голот на 32-годишниот Макс Крузе кому ова му беше прв настап за тимот по доаѓањето од Фенербахче. Предноста на берлинците ја удвои Маркус Ингварстен во 49, тртиот погодок го постигна Марвин Фридрих во 63. Во 64 минута конечниот резултат го постави Жоел Похјампаљо само 35 секинди откако влезе во игра на својот деби натпревар.

За Унион ова беше првата победа сезонава, а за Мајнц беше третиот пораз и сѐ уште е без бодови.