Трет случај на конго-кримска хеморагична треска

Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во стабилна општа состојба. Нема поврзаност со претходниот случај.

„Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, соопшти ИЈЗ.