Трет случај на коронавирус во Хрватска

Клиниката за инфективни болести „Др Фран Михаљевиќ“ во Загреб го потврди во средата третиот случај на зараза со новиот тип коронавирус, соопшти хрватскиот Штаб на цивилна заштита.

Станува збор за маж кој работел во италикјанскиот град Парма, а сега е хоспитализиран во болницата Ријека.

Хрватското министерство за здравство претходно во средата извести дека досега се обработени 87 земени премероци, како и дека во моментов се обработуваат уште осум земени од сомнителни случаи.