Трета победа во низа на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја остварија третата последователна победа во англиската Премиер лига, совладувајќи на гости Лестер Сити во четвртокот вечерта во последниот натпревар од петтото коло.

Единствениот погодок на мечот го постигна Џејдон Санчо во 23 минута по убавото проигрување од ;Маркус Рашфорд.

Манчестер Јунејтед по лошиот старт и двата последователни пораза, сега е петти на табелата со девет бодови, додека Лестер Сити е последен 20-ти со само еден бод.

На врвот е Арсенал со максималните 15 бодови од петте кола, а го следат актуелниот првак Манчестер Сити со два бодат помалку, третопласираниот Тотенхем има 11 бодови, а досегашното пријатно изненадување Брајтон енд Хоув Албион е четврти со 10 бодови.