Постара жена која боледувала од рак а се заразила со коронавирус починалата во Италија, соопштија тамошните здравствени власти во неделата, па така бројот на починатите во оваа европска земја се искачи на три жртви и уште 149 заразени.
Третиот смертени случај е „постара жена која е примена во Крама, во близина на Кремона во Ломбардија, пред неколку дена, чиште наоди покажале дека е заразена од коронавирусот“, рече на прес-конференцијата во Милано комесарот за здравство во регионот Ломбардија, Џулио Галера. Додаде дека жената е примена „ на одделот за онкологија во тешка состојба“.
На засебна прес-конференција шефот на цивилната заштита Анџело Борели изјави дека Италија, која е најтешко погодена земја во Европа, има 149 заразени, без да се сметаат тројцата починати, меѓу кои „110 се заразени во Ломбардија (околината на Милано), 21 во Венето (околината на Венеција), 9 во Емилија Ромања и 2 во Лацио (околината на Рим“, при што двајцата последни се заразени надвор од Италија.
„Педесет и петмина се хоспитализирани со симптоми, 25 се на интензивно лекување, 19 се во изолација, а 27 се под медицински надзор“, додаде Борели.
Сите тројца починат од коронавирусот беа повозрасни лица кои биледувале од други болести. Првиот смртен случај во Италија е пензиониран 78-годишен ѕидар од околината на Падова во Венето, кој почина на 21-ви февраури. Втората жртва е 77-годишна жена која е пронајдена почината во нејзиниот дом на 22-ри февруари во Казаплустерленг, близу Кодоњ. Вирусот е откриен со тестирање по смртта.