Амбасадорот на Украина во Велика Британија, поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи денеска изјави дека, по директното вклучување на рускиот сојузник во војната против Украина, може да се смета дека започнала третата светска војна.
„Верувам дека во 2024 година, апсолутно можеме да тврдиме дека третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не се соочува со Русија. Војниците од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Веќе во Украина, иранските „шахеди“ апсолутно отворено, без никаков срам, убиваат цивили. Ракети од севернокорејско производство веќе летаат во Украина и тие тоа отворено го изјавуваат. Кинески проектили се креваат во воздух во Украина, кинески делови се користат во руските ракети“, истакна Залужни на доделувањето на церемнонијата на доделувањњето на наградата УП-100, пренесува Укринформ.
Според неговото мислење, мнозинството од армијата би се согласиле дека сите споменати фактори се причина да се каже дека започнала светска војна и дека светот треба да се подготви за неа, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека е очигледно дека Украина веќе има премногу непријатели, но дека ќе опстане благодарение на технологијата, иако не се знае дали сама ќе може да ја добие оваа битка.
„Затоа верувам дека светската војна започна. Добре дојдовте“, додаде поранешниот врховен командант на вооружените сили.