Третина од германските компании пред банкрот ако продолжи кризата

Речиси една третина (29,2 проценти) од компаниите во Германија ќе опстојат максимум три месеци, ако ограничувањата поради новиот коронавирус останат на сила подолг период, според студијата на водечкиот германски институт ИФО.

Нешто повеќе од половина (57,7 проценти) од компаниите во Германија истакнаа дека ќе опстојат максимум шест месеци, доколку ограничувањата останат на сила подолг период.

Клаус Волрабе, економист на институтот ИФО истакна дека бројките се алармантни и упатуваат кон бран на банкрот во иднина.