Третиот блок на РЕК Битола исклучен поради планиран зафат

рек

Исклучувањето, како што велат од АД ЕЛЕМ, е извршено денеска во претпладневните часови, поради сигнализирано зголемено ниво на силикати во кондензациониот дел на котелот.

Станува збор за  планиран превентивен технолошки зафат,  кој се очекува да трае од 24 до 72 часа. Оваа состојба не беше пресудна за погонската подготвеност на  постројката и неминовно не предизвика  исклучување на термоблокот, меѓутоа, поради  подобрувањето на временските услови и намалениот конзум на електрична енергија беше одлучено овој краткотраен технолошки зафат за санација на кондензациониот дел од котелот да се изврши токму во овој период, се наведува во соопштението на АД ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ информира дека сите производствени капацитети се во функција и во целост одговараат на потребите на  електроенергетскиот систем на државата, а целокупните потреби од електрична енергија на тарифните потрошувачи за времетраење на зафатот ќе бидат задоволува од сопственото производство и, како што се наведува, нема да има дополнителен увоз на електрична енергија.