Третиот блок РЕК Битола не може да биде ставен во функција

Набавката на 900 илјади тони јаглен за РEKк Битола најверојатно нема да се реализира, бидејќи третиот блок на комбинатот не може да се стави во функција, пишува Телма.

Беа доставени девет понуди од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција, што ќе значи ова за производството на струја и справувањето со енергетскита криза – надлежните дополнително ќе треба да одговорат.