Третиот сет владини мерки e предизборно ветување што нема да се реализира во целост

Претседателот на Комисијата за економија и финансии на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Лазаров, оценува дека третиот сет владини економски мерки е проблематичен од повеќе аспекти и оти има многу недоречености и нејаснотии. Како што кажа тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „Еконоски магазин“ на Алсат, најголем дел од мерките сѐ уште не се детализирани и претставуваат обид за прикривање на неуспесите на власта од периодот пред корона кризата.

„Тоа укажува дека нивната цел не е да ѝ помогнат на економијата, на македонските граѓани и на македонските компании, туку целта е вештачки да се подигнат очекувањата на граѓаните знаејќи дека сме пред период на избори…ова е само едно предизборно ветување кое во поголем дел нема да се реализира, сигурно“, вели Лазаров.