![1000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/1000-4.jpeg?resize=696%2C438&ssl=1)
Во петокот во САД е изведено третото федерално погубување во една седмица по 17 години, откако пред една година, главниот државен обвинител и министер за правосудство Вилијам Бар, најави дека федералните власти ќе продолжат со погубувањата на криминалците, бидејќи сметаат дека имаат обврска да им пружат барем некакво утешување на семејствата на жртвите.
Обновувањето на федералните погубувања има само симболично значење за САД, бидејќи повеќето смртни казни се изведуваат под јурисдикција на сојузните држави а не на федералните власти.
Со смртоносна инјекција е погубен 52-годишниот Дастин Ли Хонкен, трговец со нелегален метамфетамин, кој во 1993 година убил пет лица во сојузната држава Ајова, меѓу кои и две девојченца на шест и десетгодишна возраст.
Осуден е 2004 година, а погубен е денеска во сојузниот затвор Тер Хоут во сојузната држава Индијана, објави новинар кој присуствувал на егзекуцијата како медиумски сведок.
Со тоа седмицата, во која е одбелжано враќањето на смртната казна од страна на сојузната влада по 17-годишниот прекин, завршува со третото погубување на сојузен затвореник. Тоа е бројка на погубувања кои биле изведени во претходните 57 години.
Претходно во вторникот седмица во истиот затвор беше погубен и 47-годишниот Даниел Луис Ли, чие егзекутирање беше закажано пред една седмица но одложено на барање на семејството на жртвите поради тоа што администрацијата во затворот не создала услови за нивно безбедно присуство во врска со коронавирусот.
Ли, член на расистичка група, беше осуден во државата Арканзас за брутално убиство на тричлено семејство во 1996 година. Тогаш го убил трговецот со оружје Вилијам Мулер, неговата сопруга Ненси и нејзината осумгодишна ќерка Сара Пауел. Поротата во 1999 година го осуди на смрт.
Во четвртокот, пак, беше погубен Весли Ајра Парки, за силување и убиство на 16-годишна девојка. Беше најавена и егзекуцијата на Кит Двејн Нелсон, осуден за грабнување, силување и убиство на десетгодишно девојченце.
Семејствата на жртвите се поделени, што е одраз на поширокот несогласување на јавноста во САД во врска со смртната казна, којашто е укината во повеќето други земји во западниот свет.