Во сабота трето прскање против комарци во Скопје. Од градот Скопје ги известуваат граѓаните дека ќе изврши авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје.
Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.09.2015 година, во период од 5 до 11 часот.
Притоа, како што информираат од Градот, ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Оттаму, информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.