Екипата на Металург продолжува со засилувањата за следната сезона и за само три дена ангажира три засилувања. По Момир Рниќ и Бранко Канкараш нов член на тимот од Автокоманда е српскиот интернационалец, Никола Потиќ.
Потиќ кој е висок дури 202 сантиметри игра на позицијата десен бек, а минатата сезона настапуваше во вората ракометна лига во Германија, и тоа во Либек.
Никола Потиќ пред Либек настапуваше за хрватскиот шампион Загреб, а претхофно има играно и за Партизан, Крка, Хуанфрес, Кангас.