Новиот студен бран ќе донесе и нови врнежи од снег на местата што се наоѓаат на надморска височина од 400 метри, а во текот на утрешниот ден снегот би можел повторно да ја покрие Виена.
Во голем број делови на австриските покраини Штајерска, Корушка и Салцбург на сила е тревога поради силниот ветар кој во некои делови дува и со брзина од 120 км/час.
Метеоролозите во Австрија предвидуваат дека иако во некои делови денеска температурата ќе достигне и до 10 степени, веќе во попладневните часови се очекува заладување. Новиот студен бран ќе донесе и нови снежни врнежи на местата до 400 метри надморска височина, а во текот на утрешниот ден снењгот повторно би можел да ја покрие Виена.
Исто така, во текот на ноќта кон недела снегот може да се очекува и во Инсбрук, како и засилен ветер на повисоките места.