![roma-tunnel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/roma-tunnel.jpg?resize=696%2C397&ssl=1)
Банда ограбувачи на банки биле принудена да ја повика на помош римската полиција да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но се урнале во текот на грабежот кој очигледно лошо го испланирале, објавуваат во петокот италијанските медиуми.
Припадниците на спасувачката служба служби во четвртокот вечерта околу 20 часот по локално време извлекле еден повреден маж од урнатиот тунел, и го пренеле во болница а полицијата во меѓувреме привела тројца негови соучесници во грабежот.
Се претпоставува дека повикот за помош ги упатил еден до ограбувачите.
Членовите на бандата, двајца римјани и двајца наполитанци, го искористиле долгиот викенд поради летните одмори Ферагосто, кога повеќето италијански претпријатија се затворени за да провалат во банката и во околните компании.
Меѓутоа, планот им се расипал бидејќи лошо го ископале тунелот до банката, кој се урнал на биле принудени во помош да ја повикаат полицијата.
„Напомош, ве молам, дојдете и ослободете ме“, бил повикот кој до спасувачката служба го упатил мажот откако се урнал тунелот кој го ископал заедно со своите „колеги“.
Членовите спасувачки служби, меѓу кои се и стручњаци обучени за помош на загрозени по земјотрес, морале да ископаат друг паралелен тунел за да им помогнат. Според медиумските извештаи, во текот на процесот на спасување заробениот маж добивал течности и кислород за да биде одржуван во живот.