Единаесет лица „паднаа“ : Тргувале со дрога и криумчареле мигранти

Единаесет лица „паднаа“ поради трговија со дрога.  Лицата како припадници на организирана криминална група делувале на национално и меѓународно ниво и биле инволвирани во недозволена трговија со хероин, кокаин, марихуана и криумчарење мигранти.

Петмина од нив биле уапсени во текот на вчерашниот ден, две лица на 23-ти јуни годинава, едно лице на 22.05.2015 година на граничниот премин Батровци и две лица во месец мај годинава.

Како што информираат од МВР, вчера, заради дополнително обезбедување на материјални докази извршени се претреси на дом и други простории во Дебар и на повеќе локации во Тетово.

Единаесет лица „паднаа“ : Тргувале со дрога и криумчареле мигранти
Единаесет лица „паднаа“ : Тргувале со дрога и криумчареле мигранти

Со повеќе месечната истрага  запленети се вкупно околу 1,8 килограми марихуана, речиси половина килограм хероин односно 443,52 грами како и 2,83 грама кокаин.

Лицата како припадници на организирана криминална група делувале на национално и меѓународно ниво и биле инволвирани во недозволена трговија со хероин, кокаин, марихуана и криумчарење мигранти.

Во текот на вчерашниот ден од слобода биле лишени С.А.(45), С.Љ.(31), И.И.(47), Д.Ј.(36), сите од Тетово и Б.П.(36) од Дебар. Лицата А.Ј. (29), Б.И. (28) од слобода се лишени на 23.06. годинава при што во тој случај беа запленети 1,7 килограми наркотична дрога  марихуана, а едно лице во моментот сеуште не е достапно на органите на прогон.

Лицата С.А. и С.Љ. во два наврати односно во текот на месец ноември минатата и јануари годинава, од непознато  лице набавиле наркотична кокаин заради натамошна продажба со цел  да се стекнат со противправна имотна корист, при што била ангажирана и Е.Д (41) од Велес. По заплената на дрогата, со извршеното вештачење утврдено е дека се работи за вкупно 2,83 грама кокаин. Исто така С.Љ. на почетокот на годинава по инструкции од засега непознато лице на бензиска  пумпа во близина на граничен премин „Богордица„ со ТМВ комбе Форд Транзит со германси регистарски ознаки превземал лица илегални мигранти со намера истите да ги пренесе низ територијата на Р.Македонија за содветен парична надомест. По даден знак од страна на полицијата да го сопре возилото, С.Љ. не застанал односно го продолжил своето движење се до Неготино каде го оставил возилото и се дал во бекство. По извршена контрола во возилото пронајдени се шест лица мигранти со потекло од Сирија, Бангладеш и Авганистан со што С.Љ. сторил и кривично дело – „криумчарење на мигранти“, соопштуваат од МВР.

Двајцата уапсени во јуни годинава организирале купопродажба на марихуана. Кај нив се пронајдени 1, 7 килограми марихуана. Против нив била поднесена соодветна пријава, и на лицата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Лицата И.И. и Д.Ј. во втората половина на јуни годинава, организирале  купопродажба на наркотична дрога  марихуана, за сума од 3000 евра од лицето  Б.П. од Дебар, за што лицата како транспортери ги ангажирале лицата Б.И. и А.Ј. По направениот договор за купопродажба на дрогата Д.Ј. заедно со А.Ј. и Б.И. на 23.06. годинава тргнале во правец на Дебар, каде оствариле средба со Б.П. кој им ја предал дрогата по што истите се упатиле во правец на Тетово каде на патниот правец Маврово-Гостивар од страна на полициски службеници сопрено е ПМВ марка Цитроен со тетовски регистарски таблички управувано од Б.И. и како сопатник А.Ј. По извршен преглед над возилото кај совозачот во просторот за нозете под патосницата пронајдени се две поголеми пакувања облепени со сeлотејп лента исполнети со непозната растителна материја зелена боја кои што се одземени и предадени на вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за  1,7 килограми марихуана, соопштуваат од МВР.

Во тетрапак сок криел 500 грама хероин

Лицето И.И. се јавува како организатор на уште две други заплени.

Во мај месец годинава во соработка со МВР на Република Србија на граничниот премин Батровци од слобода било лишено лицето Е.М. (49)  од Тетово, кој патувал со автобус на релација Струга-Копар при што кај него во тетрапак сок пронајдени биле 443,52 грами хероин.

Единаесет лица „паднаа“ : Тргувале со дрога и криумчареле мигранти
Единаесет лица „паднаа“ : Тргувале со дрога и криумчареле мигранти

Исто така, на 07.05.2015 година во соработка со МВР на Р. Албанија по извршена  контрола и претрес на ПМВ “VW Polo“ со тетовски регистарски таблички на територија на соседна Албанија од слобода се лишени лицата М.И. (38) и М.А. (45) двајцата од Тетово при што запленети се 73 грами марихуана. За овие два случаи поднесено е барање за меѓународна правна помош, за што по добивањето на доказите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до  ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против инволвираните лица поднесена e кривична пријава за – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.